КАКО ДА ГО НАПРАВИМЕ УЧИЛИШТЕТО ДИГИТАЛНО


Дигиталната иновација во училиштата бара системска промена на управувањето која се изведува во соработка меѓу директорот, наставниците, учениците, родителите и локалната заедница. Премногу промена одеднаш може да предизвика негативна реакција помеѓу наставниците, учениците и  родителите особено ако промената е наметната врз вработените од страна на училишната администрација .
Тим од квалификувани наставници/координатори и училишните лидери ќе работат заедно како група задолжена за планирање и имплементирање на дигиталните иновации во целото училиште. Мешавина од различни компетенции треба да биде присутна во рамките на училишниот тим: техничка, педагошка, комуникациска и меѓунационална/меѓукултурна соработка.
Главни целни интереси се:
-     
-      1. Унапредување на дигиталната инфраструктура: мобилни апарати, мрежа, онлајн алатки за учење и животна средина.
-      2.Училишна политика за дигитална безбедност
-      3.Подршка за педагошки иновации- иновативни сценарија за учење
     4.  Едукација и обука на наставниците за учење врз основа на игра
-     5.Промена на управувањето со училиштето - подршка на наставниците, дисеминација за најдобрите обуки, вклучување на родителите и  заедницата
-      6.Мониторинг и соопштување на резултатите од нашиот училишен проект за дигитален пресврт.

Comments

Popular posts from this blog

Обука за Дигитализација во наставата прв ден