ДИГИТАЛНА ИНОВАЦИЈА

Дигиталната иновација во училиштата бара системска промена на управувањето која се изведува во соработка меѓу директорот, наставниците, учениците, родителите и локалната заедница. Премногу промена одеднаш може да предизвика негативна реакција помеѓу наставниците, учениците и  родителите особено ако промената е наметната врз вработените од страна на училишната администрација .
Тим од квалификувани наставници/координатори и училишните лидери ќе работат заедно како група задолжена за планирање и имплементирање на дигиталните иновации во целото училиште. Мешавина од различни компетенции треба да биде присутна во рамките на училишниот тим: техничка, педагошка, комуникациска и меѓунационална/меѓукултурна соработка.
Главни целни интереси се:
-     
-      1. Унапредување на дигиталната инфраструктура: мобилни апарати, мрежа, онлајн алатки за учење и животна средина.
-      2.Училишна политика за дигитална безбедност
-      3.Подршка за педагошки иновации- иновативни сценарија за учење
     4.  Едукација и обука на наставниците за учење врз основа на игра
-     5.Промена на управувањето со училиштето - подршка на наставниците, дисеминација за најдобрите обуки, вклучување на родителите и  заедницата
-      6.Мониторинг и соопштување на резултатите од нашиот училишен проект за дигитален пресврт.

Comments

Popular posts from this blog

Втора подготовка за дисеминиција

Обука за Дигитализација во наставата прв ден

Обука за Дигитализација во наставата втор ден